Адреса:
ЛАЗАР ГРУП КП ДООЕЛ
ЕДБ: 4015025509376
Крива Паланка
ИЛИНДЕНСКА бр.44
1330
Најчесто поставувани прашања (FAQ)
Очекуваниот рок за достава на производите на залиха е 1-2 дена, за производите од резервација е 20-35 дена, а за секоја фаза од процесот ќе бидете навремено известени по е-пошта или телефонски.
Плаќањето за производите на Мебелукс купени преку веб страната www.mebelux.mk може да се изврши на следниот начин:
Плаќање при испорака
– Плаќате во готово при преземање на пакетот од курирската служба.
Плаќање со платежна картичка
– Прифаќаме дебитни и кредитни картички (Visa, MasterCard).
– Плаќањето се извршува преку безбеден онлајн систем со високо ниво на заштита на личните податоци.
– По успешна трансакција, добивате потврда на вашата е-пошта за успешно поднесена нарачка.
Банкарски трансфер (профактура) за правни и физички лица.
– Уплата може да извршите со користење на е-банкарство или на било кое друго место на кое вообичаено ги плаќате Вашите сметки, во пошта или банка (во овој случај пополнувате уплатница врз основа на податоците кои сте ги добиле во нарачката).
Производите се испорачуваат во фабричко пакување, расклопени, со цел полесен транспорт. Со секој производ добивате детално упатство и ги имате сите потребни елементи за брзо и едноставно склопување.
Во MebeLux веруваме дека купувањето мебел треба да биде без ризик. Ако производот не ги исполни вашите очекувања, овозможуваме едноставна и транспарентна постапка за враќање или замена.
Рок за враќање
Имаш право да го вратите или замените производот во рок од 14 дена од денот на приемот, без задолжителна причина, доколку производот не бил користен и е во оригинална состојба.
Услови за враќање
- производот мора да биде некористен, неоштетен и целосен,
- мора да се приложи документ од уплатата, или број на нарачката.
- враќањето мора да биде најавено преку формуларот за враќање подолу, преку е-пошта на info@mebelux.mk или телефонски 078 375 852.
Начин на враќање
По пријавата, нашиот тим ќе ве контактира за договор околу транспортот.
- Ако причината е грешка на MebeLux.mk (погрешен производ, дефект, оштетување при достава) – ние ги покриваме трошоците за транспорт.
- Ако производот се враќа по лична желба (не одговара димензија, боја и сл.) – трошоците за враќање ги сноси купувачот. (Околу 200ден.).
Поврат или замена
По прием и проверка на производот, ќе:
Извршиме поврат на средствата на истата сметка од која е направена уплатата.
Или ќе испратиме заменски производ, по ваша желба.
Не, не изработуваме мебел по мера и желба. Сите наши производи се увезуваат директно од Германија како готови фабрички модели. Ова ни овозможува да понудиме мебел со европски стандард за квалитет, прецизна изработка и модерни дизајни кои се веднаш достапни за испорака. Сите достапни димензии и бои за секој модел се наведени во описот на самиот производ.
Информации за контакт
Телефон: 078 375 852
Е-пошта: info@mebelux.mk
Работно време: Понеделник – Петок од 08:00 до 16:00 часот