Плаќањето за производите на Мебелукс купени преку веб страната www.mebelux.mk може да се изврши на следниот начин:
Плаќање при испорака
– Плаќате во готово при преземање на пакетот од курирската служба.
Плаќање со платежна картичка
– Прифаќаме дебитни и кредитни картички (Visa, MasterCard).
– Плаќањето се извршува преку безбеден онлајн систем со високо ниво на заштита на личните податоци.
– По успешна трансакција, добивате потврда на вашата е-пошта за успешно поднесена нарачка.
Банкарски трансфер (профактура) за правни и физички лица.
– Уплата може да извршите со користење на е-банкарство или на било кое друго место на кое вообичаено ги плаќате Вашите сметки, во пошта или банка (во овој случај пополнувате уплатница врз основа на податоците кои сте ги добиле во нарачката).
Рок на уплата 3 дена. Ве молиме уплатата да ја извршите во тој рок. За дополнителни уплати по наведениот рок не можеме да гарантираме расположливост на артиклите.
Нарачаните артикли ќе ги резервираме по извршена уплата.
Плаќањето со Банкарски трансфер (профактура) може да се изврши од страна на Физичко или Правно лице од сите Банки регистрирани на територија на Република Македонија со соодветен налог за трансфер нa средства по извршената онлајн нарачка. По извршеното плаќање од страна на купувачот вработениот оператор за контрола и потврда на извршена трансакција е должен да ја провери веродостојноста на податоците и износот на извршената уплата со Банкарскиот налог, по што се пристапува кон известување на купувачот по пат на СМС порака или електронска пошта, по што се врши процесирање и резервирање на производот(те).
Подготовка и испорака на производите
Откако ќе се изврши плаќањето, започнуваме со подготовка и испорака на вашата нарачка.
Очекуваниот рок за достава на производите на залиха е 1-2 дена, за производите од резервација е 20-35 дена, а за секоја фаза од процесот ќе бидете навремено известени по е-пошта или телефонски.
Недостапност на производ
Доколку производот што го нарачавте не може да се испорача (поради недостапност, доцнење на добавувач, оштетување или други причини), MebeLux.mk ќе ве извести веднаш и:
- ќе изврши целосен поврат на средствата на истата трансакциска сметка од која е извршено плаќањето.
Поврат на средства
Поврат на средства се врши:
- во целост, ако производот не може да се испорача или е откажан навреме,
- во истата валута и на истата сметка од која е извршено плаќањето,
- без дополнителни административни трошоци.
Контакт
MebeLux.mk
📞 Телефон: 078 375 852
📧 Е-пошта: info@mebelux.mk