Во MebeLux веруваме дека купувањето мебел треба да биде без ризик. Ако производот не ги исполни вашите очекувања, овозможуваме едноставна и транспарентна постапка за враќање или замена.

Рок за враќање

Имаш право да го вратите или замените производот во рок од 14 дена од денот на приемот, без задолжителна причина, доколку производот не бил користен и е во оригинална состојба.

Услови за враќање

  • производот мора да биде некористен, неоштетен и целосен,
  • мора да се приложи документ од уплатата, или број на нарачката.
  • враќањето мора да биде најавено преку формуларот за враќање подолу, преку е-пошта на info@mebelux.mk или телефонски 078 375 852.

Начин на враќање

По пријавата, нашиот тим ќе ве контактира за договор околу транспортот.

  • Ако причината е грешка на MebeLux.mk (погрешен производ, дефект, оштетување при достава) – ние ги покриваме трошоците за транспорт.
  • Ако производот се враќа по лична желба (не одговара димензија, боја и сл.) – трошоците за враќање ги сноси купувачот. (Околу 200ден.).

Поврат или замена

По прием и проверка на производот, ќе:

  • извршиме поврат на средствата на истата сметка од која е направена уплатата, или
  • ќе испратиме заменски производ, по ваша желба.

Контакт

MebeLux.mk
📧 info@mebelux.mk
📞 078 375 852